Порталот Megaselfie.mk е во сопственост на МЕГАСЕЛФИ & КO ДОО Скопје. Ве молиме навремено да се запознаете со овие правила и услови за да се избегнат сите евентуални недоразбирања во понатамошното користење на нашите услуги. Со читање на правилата и условите, ќе сметаме дека сте во целост запознаени со нив и ги прифаќате.

  • Користење на фотографија или видео од Megaselfie.mk не е дозволено без претходно одобрување од сопственикот.
  • Ниту еден дел од Megaselfie.mk не смее да се користи во незаконски цели, ниту пак за нивно промовирање.
  • Сите содржини на Megaselfie.mk ги користите на сопствена одговорност и порталот не може да се смета за одговорен за какви било штети настанати од неговото користење.
  • Megaselfie.mk содржи и линкови на веб-страници надвор од сопствениот веб. Порталот не може да се смета за одговорен за содржините надвор од оваа страница.

Користење на услуги и производи

Детали за тоа како да ги користите производите или услугите ќе Ви бидат дадени во описот на производот, како дел од процесот на нарачка, и ќе Ви бидат испратени претходно, како дел од потврдата за нарачка, или во посебен емаил или во вид на други електронско известување.

Производите/услугите Ви се доставуваат за Ваша лична, домашна и приватна употреба за користење како што е наведено во описот на производот/услугата во моментот на купување.

Измена на производите/услугите или почетниот датум

Megaselfie.mk ќе обезбеди дека секој производ/услуга е испорачан во согласност со сите договорени аспекти, онака како што е опишано на интернет продавницата или на друг начин, но ќе има право да прави измени во содржината и испораката на производот, кога тие варијации материјално не го менуваат производот. Megaselfie.mk може да ги ажурира, или од Вас да побара да ги ажурирате, дигиталните содржини за да се имплементираат таквите промени.

Имајте предвид дека, во однос на одредени услуги, ќе треба дополнително да го утврдите датумот за користење на услугите, односно наведениот датум за користење на некоја од услугите, при нарачка на интернет продавницата.

По утврдување на датумот за користење на некој од услугите Megaselfie.mk ќе смета дека договорот за користење на истите е склучен.

Корисниците имаат право на промена на датумот на користење на услугите или откаќување на истите, но при тоа треба да се запазат следните услови:

Во случај на промена на закажан термин најпрво треба да се увиди дали терминот кој одново го барате е достапен во моемнтот на презакажување на резервација. Одкога ќе добиете потврдна информација од системот ќе се смета дека успешно сте го презакажале терминот.

Во случај на откажан термин помалку од 4 седмици пред закажаниот термин го задржува правото да ги задржи уплатените средства за резервираниот термин.