Политика на плаќање

На интернет продавницата ќе бидат прикажани сите цени на производите и услугите кои се нудат. Сите наведени цени се со вклучени даноци и давачки кои ги има Megaselfie.mk за користење на дебитни или кредитни картички, освен ако не е наведено поинаку. Можно е Вие да имате дополнителни давачки за користењето на дебитни или кредитни картички од Вашиот давател на услугата, и овие давачки се плус на прикажаната цена. Цените е можно повремено да се менуваат но ова нема да има влијание на било која нарачка која е веќе потврдена со потврда за нарачка.

Плаќањето може да се врши со кредитна или дебитна картичка (или било каков друг метод за плаќање кој го овозможува интернет продавницата, како што се ваучери за подарок), онака како што е објаснето при процесот на нарачки. Во сите случаи, Megaselfie.mk ги третира уплатите како потврда дека Вие сте лицето овластено да ја користи кредитната картичка или дебитната картичка и дека сте над 18 годишна возраст.

Плаќањата со кредитна или дебитна картичка се процесираат веднаш, преку процесорот за плаќање преку безбеден линк. Megaselfie.mk не задржува податоци поврзани со картичката.

За да се избегне секако сомнеж, сè додека во целост не сте платиле за производот, нема да имате право да пристапите до конкретниот производ или услуга (преку лично присуство или преку интернет, или на трет начин) а Megaselfie.mk може да не Ви дозволи да пристапите до сите или до било кој дел од релевантниот производ без притоа да има било каква одговорност кон Вас.

Во некои случаи Megaselfie.mk ќе Ви дозволи да нарачате или да резервирате производи преку интернет а да платите за нив преку друг метод, различен од постојниот метод за плаќања преку интернет на продавницата. Ако оваа можност Ви е достапна, истата јасно ќе Ви биде објаснета во процесот на нарачување. Ако не ја добиеме целосната уплата од Вас најдоцна до два дена по извршената резервација на термин, производот т.е. услугата повеќе нема да Ви биде резервиран. Помеѓу Вас и Megaselfie.mk нема да се воспостави договор сè додека Megaselfie.mk не Ви ја испрати потврдата за нарачка.

Сите попусти (со шифра за попуст или на друг начин) се попусти лично за Вас и не може да се пренесуваат. Дозволено Ви е да користите само еден попуст по купување, при што евентуалните враќања на пари на Вас нема да ја содржат вредноста на попустот.